Што е Вики Камп?

Вики Камп е научно-образовен камп кој го организира Здружението на граѓани ГЛАМ Македонија. Кампот е тродневен настан организиран од страна на ГЛАМ Македонија во кој учествуваат ученици при што истите се ангажирани за создавање нови статии на Википедија на македонски јазик, како и збогатување на постоечките. Создавањето на статии и збогатувањето на истите се врши преку превод од изворен текст на статија на друг јазик, како и внесување на текстови или делови на текстови од академски изданија. Внесувањето текстови, уредувањето на Википедија и збогатувањето на содржината е набљудуванo од искусни корисници на Википедија и уредувачи кои имаат долгогодишно богато искуство во рамките на оваа семрежна енциклопедија. Учесниците ќе бидат згрижени од наставници и активисти на ГЛАМ Македонија.

Самиот Вики Камп, покрај главната негова цел, вклучува и посета на природните убавини и богатства во местото во кое што се одржува, како и разгледување на културно-историски знаменитости. Дополнително на тоа, учесниците ќе имаат спортско-рекреативни активности, а сето тоа е проследено со голема забава и дружење и развивање нови другарства и пријателства.

Потребни информации за аплицирање на заинтересираните:

Учесниците кои ќе се пријават мора да имаат писмена согласност од родител за учество
Во цената е вклучен превоз, сместување со оброци, прошетки, и дополнителните анктивности.
Учесниците може да си понесат соодветни потребни работи од дома, но да внимаваат на истите и одговорно да ги чуваат.
Контакт

Снежана Штрковска

Претседател на ГЛАМ Македонија
Тел:      078/ 416-754
Ел. пошта: glammacedonia@gmail.com