Правила на кампот

За време на кампот организаторите ќе се сметаат како ментори на децата. Наставниците на групите ќе ги набљудуваат децата за време на активностите и надвор од нив, секој ден. Надзорот и грижата ќе биде во однос на здравјето, однесувањето, следење на правилата и доличното однесување. Организаторите ќе се погрижат учесниците да поминат добро и забавно време додека трае овој образовен воншколски процес.

  1. Сите учесници ќе ги следат правилата и насоките зададени од Организаторот.
  2. Сите учесници ќе се почитуваат меѓусебно, но и ќе се почитуваат Организаторите. Дискриминација, навреди и повреди на којa било основа ќе бидат елиминирани и ќе се внимава да се отстранат истите доколку дојде до тоа.
  3. Сите учесници мора да напишат минимум 3 статии во текот на 3 дена.
  4. Не се дозволени електронски игри.
  5. Сите учесници мора да учествуваат во задолжителните основни активности.
  6. Забранета употреба на цигари, алкохолни пијалоци, нелегални средства и материјали за возрасни.
  7. Секој учесник мора да ја носи својата идентификациска картичка.
  8. Да се внимава да не се оштети инвентарот на хотелот.
  9. Задолжително соодветно и долично облекување.
  10. Викимедија МКД не е одговорна за оштета или кражба на лични предмети.
  11. За време на Кампот учесниците не смеат да ги напуштат просториите без дозвола или присуство на возрасен.
  12. Строго се забранува нерационално користење на Интернетот, освен за потребите на Википедија и Кампот.