Охрид 2026

Од 11 до 13 септември 2026 година, во Охрид се одржаа „Вики камп“ и „Вики тим билдинг 2026“, кои годинава за првпат беа споени во еден заеднички настан. Во текот на три исполнети дена, учесниците имаа можност да уредуваат, да создаваат нови содржини, да стекнат нови знаења за проектите на Викимедија, но и да поминат време заедно и подобро да се запознаат меѓусебно. Хотелот „Метропол“ беше местото каде што се собраа над 40 уредници со различно искуство, но со иста желба – да придонесат кон развојот на Википедија на македонски јазик и слободното знаење.

Како и секоја година, кампот беше тематски. Главната тема на овогодишниот „Вики камп“ беше „Ботаничари со авторски кратенки“, во чии рамки учесниците преведуваа, уредуваа и создаваа нови статии. Работната атмосфера и заедничката посветеност резултираа со повеќе од 400 нови статии на Википедија на македонски јазик. Зад оваа бројка стојат часови уредување, но и меѓусебна помош и споделување знаење меѓу учесниците.

Заедничкото одржување на двата настана покажа дека создавањето слободно знаење оди најдобро кога покрај работата постојат простор за споделување искуства, меѓусебна помош и градење заедница.

Фотографскиот материјал од вики кампот може да го погледнете тука.