Запознајте ја Германија 2019

Во деновите од 3 до 5 мај 2019 година се одржа тродневен германски Викикамп за членовите на Вики клубовите  во Македонија, под мотото „Запознајте ја Германија“. Проектот е во организација на Здружението  ГЛАМ Македонија  во соработка со Гете институтот од Скопје.

Кампот се одржа во хотел „Романтик“ на Велешко Езеро – Младост, и опфати ученици од различни основни и средни училишта од Македонија. Покрај заедничкото уредување на Википедија, учесниците имаа можност да чујат низа предавања, и да учествуваат на интерактивни вежби. Кампот го отвори претставник од Гете институтот во Скопје, Кристина Велковска, а гостин од Германија на самиот камп беше Гереон Калкухл, администратор на Википедија на германски јазик. Секој од учесниците доби подарок од Гете институт како и од Викимедија Германија, најголемата вики организација во светот, а на крајот од кампот, им беа доделени сертификати за учество.

Во текот на трите дена беа создадени повеќе од 500 нови статии на Википедија на македонски јазик на тема Германија: култура, историја, географија, спорт, филм и друго.

Сите слики може да се видат на следнава врска – WIKICAMP Veles