Во деновите од 15 до 17 декември 2017 година во Берово се одржа првиот Вики Камп за ученици, во хотел ВИП во Берово, во кој учествуваа педесет и пет ученици од десет основни и средни училишта од Македонија. Во текот на овие три дена создадоа повеќе од 200 нови статии на разни теми на Википедија на македонски јазик. Меѓу другите активности, на Вики Кампот слушаа предавање за фотографија, како и напредно уредување на Википедија.
Исто така, учениците имаа можност да го посетат женскиот манастир во Берово.
Дел од фотографиите од настанот може да се најдат на следниот линк: WIKICAMP Berovo