Активности

Главната активност во која сите учесници ќе бидат ангажирани е обучување и уредување на Википедија на македонски јазик. Ова е активноста или серијата активности за која е основан и самиот Вики Камп. Покрај самото уредување на Википедија, учесниците ќе бидат ангажирани и во други активности, што од образовен, што од забавно-рекреативен карактер.

 

Обука

Со оглед на фактот дека не сите учесници или ученици се запознати со основните принципи и начела на Википедија, во текот на Вики Кампот ќе се одржи обука за уредување и правилно користење на Википедија. Обуката ќе ја одржат организаторите, членови на ГЛАМ Македонија кои воедно се и стари искусни корисници на Википедија. Учесниците ќе се обучат за тоа како да пребаруваат статии, како да почнат нова нова статија, но и ќе бидат упатувани за тоа што ја прави една статија академски прифатлива и какви приниципи и начела треба да се земат предвид за да се напише една добра статија која ќе биде објавена на Википедија на македонски јазик.

 

Уредување

Уредувањето на Википедија на македонски јазик е главната активност за која се организира Вики Кампот. Уредувањето подразбира активно придонесување на учесниците на Википедија, односно секој од учесниците треба да напишат нови статии на Википедија. Секој ден учесниците ќе посветат по неколку часа за придонесување и уредување на Википедија. Целиот процес ќе биде набљудуван од искусните Википедијанци, односно организаторите. Истите ќе пружат помош од технички и јазичен аспект, но и ќе ги упатат учесниците кон создавање на квалитетни и добро составени статии на македонски јазик.

 

Прошетка низ Берово

Од забавно-рекреативниот дел, учесниците ќе имаат можност да го разгледаат Берово и непосредната близина. Учесниците, водени и набљудувани од наставничкиот и организаторскиот кадар, ќе ги прошетаат учесниците низ Берово, ќе ги запознаат со културно-историските знаменитости на градот, ќе ги посетат верските објекти кои се значајни за Беровци и ќе имаат можност од блиску да ја доживеат убавината на Берово.

 

Физички активности

Учесниците ќе имаат можост да бидат и физички ангажирани за време на кампот. Организаторите приредиле и осмислиле неколку физички активности преку кои сите учесници ќе имаат можност да се разгибаат, физички да се ангажираат и да поминат неколку часа забавно и рекреативно.

Предавања

Покрај напоменатите акивности, учесниците ќе имаат можност да присуствуваат на две предавања. Едното предавање ќе се биде воведен курс за уредување на Википедија. Во ова предавање учесниците ќе имаат можност подетално да се запонзаат со Википедија, и практично да ги применат уредувачките алатки кои ги пружа енциклопедијата. Обуката ќе биде одржана од искусни Википедијанци. Другото предавање ќе биде предавање за фотографија и употреба на фотографијата на Википедија. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со основните начела на фотографирањето, како и искористувањето на фотографиите на Википедија и нејзините објавени статии.

 

Забава

Сабота на вечер ќе има заедничка забава за сите учесници на Кампот. Преку дружба и забава учесниците ќе ги продлабочат своите нови пријателства и ќе врежаат прекрасни моменти од овогодинешниот Вики Камп.